Утрински Весник
Магазин

Врски без обврски: Леонардо ди Каприо и Џиџи Хадид

Врски без обврски: Леонардо ди Каприо и Џиџи Хадид

Холивудскиот актер Леонардо ди Каприо (48) – кој претходно беше со неколку убавици меѓу кои Жизел Бундхен и Бар Рафаели – ја започна романсата со Џиџи (27) во 2022 година, но според упатените, нивниот меѓусебен однос е лабав, без напорни препрашувања.

dobivaj vesti na viber

Инсајдер изјави за „Ентертејнмент тунајт“: „Лео и Џиџи уживаат во своето време заедно кога можат да се видат, но кога се зафатени со различни обврски, можно е да не се видат со денови и тоа им одговара и на двајцата.

„Тие имаат почит еден кон друг и ќе видат како одат работите.“

Џиџи има двегодишна ќерка со поранешниот вокалист на „Уан дарекшн“, Зејн Малик.

Манекенката моментално се чувствува урамнотежена, среќна и ја фокусира својата енергија на кариерата и ќерката, додаде изворот. „Главен приоритет на Џиџи е нејзината ќерка, и да ги одржува работите позитивни и релаксирани.“

Леонардо, од друга страна, сака да се забавува, негов приоритет е работата и дружбата со пријателите“.

Можете да прочитате

Дневен хороскоп за 20 мај 2026 година

Хороскопски знаци кои никогаш не се задоволни, секогаш бараат „повеќе“

Како правилно да ги перете патиките во машина без да ги оштетите