Утрински Весник
Свет

Бројот на повредени во судирoт на возови се искачи на 57 лица

Бројот на повредени во судирoт на возови се искачи на 57 лица

Најмалку едно лице загина, а 57 се повредени при судирот на два воза на метрото во Мексико Сити.

dobivaj vesti na viber

Возовите се судриле меѓу две станици, а градоначалничката Клаудија Шајнбаум на Твитер изјавила дека несреќата се случила на линијата три од метро системот, но не ја прецизирала причината за судирот, пренесе АП.

Шејнбаум рече дека една жена е почината, а 57 други се повредени и пренесени во седум болници.

Во урнатините на возот беа заробени четири лица, меѓу кои и машиновозачот на еден од возовите, кој наводно е во тешка состојба, јави АП.

Можете да прочитате

Агент на американската имиграциска служба застрела маж во Мејн, случајот предизвика нови критики кон Агенцијата

(Видео) Русија фрли бомба од три тона врз украински град

Американските сили извршија нови напади врз воени цели во Иран