Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Бугарија се’ уште без влада, парламентот гласаше против мандат за Промената продолжува

Бугарија се’ уште без влада, парламентот гласаше против мандат за Промената продолжува
300x250 opst2

Втората по големина бугарска партија, Промената продолжува (ПП), се откажа од плановите за формирање влада откако не успеа да добие поддршка во парламентот.

dobivaj vesti na viber

Бугарските пратеници со 114 гласа „за“ и 63 одбија да ја одобрат листата за формирање влада составена од ПП, во обид да добијат поддршка за малцинскиот кабинет заедно со нејзиниот партнер, партијата Демократска Бугарија, пренесува „Ројтерс“.

Во понеделник ќе му го вратиме неисполнетиот мандат за формирање влада на претседателот, рече портпаролот на ПП.

Клучниот ривал на ПП, партијата на поранешниот премиер Бојко Борисов – ГЕРБ и проруската партија „Преродба“, гласаа против, додека три други парламентарни политички партии беа воздржани.

ГЕРБ не успеа да добие поддршка за формирање влада минатиот месец, што ги зголеми шансите за нови предвремени избори напролет.

Бугарскиот претседател Румен Радев сега ќе треба да избере друга политичка партија и да побара од неа да формира влада.

Доколку и тој последен обид не успее, Радев би го распуштил парламентот и би свикал вонредно гласање во рок од два месеци.

Вонредните избори одржани на 2 октомври минатата година беа четврти парламентарни избори одржани за неполни две години.

Неуспехот да се формира редовна влада во тековно избраниот парламент може да ги загрози плановите на Бугарија за приклучување кон еврозоната во 2024 година.

Ова, исто така, би ги одложило толку потребните антикорупциски реформи и би можело да го отежне користењето на фондовите на ЕУ за закрепнување.

Можете да прочитате

Уапсен руски милијардер поради серија убиства

Тунижанец осуден на смрт поради статус на Фејсбук

Трамп му даде ултиматум до Хамас до недела во 18 часот