Борбата за титулата во англиската Премиерлига нема да се одлучи толку бргу ако се прашува Пеп Гвардиола и Манчестер сити, откако „граѓаните“ стигнаа до клучна 1:0 победа на гостувањето кај Челси, оставајќи ги „сините“ на десеттото место на табелата и доближувајќи се на пет поени од лидерите Арсенал по 17 одиграни мечеви.
Лошата сезона и кризата со повреди само се влоши за тимот на Греем Потер во првото полувреме од дербито, откако прво Рахим Стерлинг мораше да биде заменет по само пет минути игра, за во 22. минута и Кристијан Пулишиќ да се повреди. И покрај овој малер, во првото полувреме, „сините“ не дозволија Сити да се изнаигра, а имаа и една одлична шанса со обид кој заврши во стативата.
Сепак, второто полувреме им припадна на гостите, кои освежени со влегувањето во игра на Ријад Марез и Џек Грилиш, стигнаа до клучниот гол во 63. минута, кога токму двајцата беа вклучени во акцијата по која Марез го постигна голот.
По мечевите од ФА купот, Сити и Арсенал ќе ја продолжат битката во Премиерлигата следниот викенд со големи дербија – Арсенал гостува на ривалот од северен Лондон, Тотенхем, додека Сити исто така на гости го игра манчестерското дерби против Јунајтед на „Олд Трафорд“.
(function (el) {
window.addEventListener(“message”, (event) => {
if (event.origin.startsWith(“https://www.sofascore”)) {
if (el.id === event.data.id) {
el.style.height = event.data.height + “px”;
}
}
});
})(document.getElementById(“sofa-standings-embed-1-41886”));