Утрински Весник
Свет

СЗО: Се шири нов вид на ковид, најзаразен од почетокот на пандемијата

СЗО: Се шири нов вид на ковид, најзаразен од почетокот на пандемијата

Нова варијанта на коронавирусот – XBB.1.5, со голема брзина се шири низ светот. Според Светската здравствена организација, тоа е најзаразниот вид откриен од почетокот на пандемијата.

dobivaj vesti na viber

Досега е познато дека новиот вид, познат и како кракен (митскиот џиновски октопод на античките нордијци), е откриен во најмалку 29 земји, откако првпат се појави во Њујорк на 22 октомври, објави „Дејли мејл“.

По појавата на кракен, забележан е голем пораст на бројот на заболени, што е прво забрзување од таа големина од појавувањето на омикронот минатата зима. Иако е многу заразен, експертите велат дека видот е всушност релативно благ како неговиот претходник.

На здравствените работници во Велика Британија им е кажано да носат маска, да работат од дома кога можат и да одржуваат социјална дистанца, што го остава британскиот здравствен систем во „ризик од колапс“, додава Дејли мејл.

Истражувањата открија дека видот е создаден со спојување на подвидовите BA.2.10.1. и BA.2.75 и сочинуваат 75 проценти од случаите во најпогодените делови на САД. Податоците на експертот од Мелбурн, Мајк Хани, покажуваат дека во Велика Британија се регистрирани 28 случаи, од кои 24 во Англија, два во Велс и по еден во Северна Ирска и Шкотска.

Водечките германски здравствени власти денеска изразија загриженост за новиот вид, а Германија досега пријавила еден случај.

Можете да прочитате

Блумберг го објави нацрт-договорот меѓу САД и Иран: Предвиден крај на војната, отворање на Ормускиот Теснец и фонд од 300 милијарди долари за Иран

Штета од над 100.000 евра по излевање гориво на германски автопат

ФСБ: Спречени терористички напади во три руски региони