Утрински Весник
Спорт

Тренерот на Бенфика удри по „бесрамните“ Челси за Енцо Фернандез

Еквадор пред исфрлање од Мундијалот, доказите за „фалсификувањето“ на Кастилјо се огромни!

Тренерот на Бенфика, Германецот Роџер Шмит ги обвини Челси дека се однесувале „бесрамно и без почит“ во обидот да го обезбедат трансферот, обвинувајќи ги дека се „преправале“ дека се подготвени да ја платат откупната клаузула од 120 милиони евра.

dobivaj vesti na viber

Според „ЕСПН“, Челси во текот на преговорите посочиле дека се подготвени и да дадат поголема сума од 120 милиони евра ако им се дозволи исплата на рати, но на крајот преговорите за 21-годишниот Аргентинец, најдобриот млад фудбалер на СП во Катар, беа прекинати.

„Ние не сакаме да го продадеме Енцо. Ниту јас, ниту претседателот, ниту никој во клубот. Знаеме, како сите кои имат клаузули во својот договор, ако фудбалерот сака да замине, а некој ја плати сума, дека во тој случај не можеме да направиме ништо. Има клуб кој го сака нашиот играч, знаат дека не сме тука да преговараат и дека мора да ја платат откупната клаузула. Тоа што го прави тој клуб е бесрамно и покажува недостаток на почит кон сите нас, кон Бенфика и кон фудбалерот. Прво да го полудите фудбалерот со тврдења дека ќе ја платите клаузулата, тоа е нешто што не можам да го разберам. Нема повеќе да зборуваме за тоа“, изјави Шмит.

Можете да прочитате

Почна судскиот процес за изнуда на пари од Погба, меѓу обвинетите и неговиот брат

Навивачите на Баерн со порака за претседателот на ПСЖ

Манчестер сити испушти 3:0 над Феенорд и ја продолжи серијата без победа на шест натпревари