Утрински Весник
Македонија

(Видео) За тепачката во „Идризово“ Синдикатот ја поздрави американската амбасадорка: Затворските полицајци не се виновни

(Видео) За тепачката во „Идризово“ Синдикатот ја поздрави американската амбасадорка: Затворските полицајци не се виновни

Затворските полицајци не се виновни, туку спречувале крвопролевање меѓу две групации во затворот „Идризово“, кои се степале на 31 декември, вели Гоце Делчев-Тодев, претседател на Независниот синдикат на полицијата. Некои од медиумите неколку дена известуваат за тепачката во затворот во Идризово, во која затворските полицајци употребиле прекумерна сила, па некои од затворениците завршиле со повреди. Претседателот Делчев-Тодев за тепачката во затворот јавно ѝ се обрати на американската амбасадорка, Анџела Агелер.

dobivaj vesti na viber

„ Ќе ја поздравам од говорницата на независните синдикати на полицијата новата амбасадорка, која е дојдена во Македонија и која навистина можеби сака да ги решава прашањата во оваа држава. Мојот поздрав се однесува во делот на насоките што ќе ѝ ги даде Гоце на оваа амбасадорка да се подзамисли што се случува на оваа територија, на ова парче земја. Ако ви кажам две групации се степале во затворот во Идризово, при што полицајците сакале да ги одвојат двете групи, односно да дадат, во согласност со дадените насоки што ги имаат по писмен пат во затворите, помош за да не се случи крвопролевање. Затворените на некој начин, затоа што не сакале да бидат спасени, одвоени, ги нападнале полицајците. Резилот е отиден до таму, па сега полицајците и полициските службеници се виновни затоа што ги бранеле затворениците да не се направи голема штета врз нивното здравје“, рече Делчев-Тодев.

Детали за тепачката не сакаше да изнесува оти сè уште се анализираат снимките од надзорните камери, но извесно е дека тројца затворски полицајци биле директно вклучени во раздвојување на групите што се тепале иако на смена биле повеќемина. Тој ги повика надлежните институции официјално да известат за инцидентот и најави дека нема да дозволи полицајците да излезат виновни.

„ Повеќето од луѓето што се инволвирани се членови на Независниот синдикат. Веќе се алармирани адвокатските тимови, работиме на сериозно расчистување на прашањето и на проблемот настанат во затворот во Идризово пред Нова година и јас ќе ги замолам и министерот за правда, и директорот за извршување санкции и директорот на самиот затвор во даден момент кога ќе имаат релевантни факти, кога ќе имаат целосно извештаи, да излезат пред јавноста за да не се шпекулира. Да не ги инволвираме вработените полицајци во затворскиот систем и да не ги изложуваме на непријатна ситуација дека тие се виновни за тепањето меѓу одредени групации во самиот затвор“, повика Делчев-Тодев.

Од Казнено-поправниот дом „Идризово“ до објавата на текстот не одговорија на прашањата од „А1он“ и „Макфакс“ за инцидентот на 31 декември. Нема пријава за настанот ниту во МВР.

„ По направените проверки во организациските единици при Секторот за внатрешни работи Скопје, ве известуваме дека нема евидентирано пријава за ваков настан“, велат од МВР за „А1он“ и „Макфакс“.

Ова не е прва тепачка во македонските затвори за која јавноста дознава преку објави во дел од медиумите. За тепачката на 31 декември веќе неколку дена се споделуваат и фотографии од претепано лице, со видливи модринки по телото, со објаснување дека повредите му ги направиле затворските полицајци од „Идризово“.

Можете да прочитате

Панел-дискусија за родова еднаквост и спречување на насилството врз жени и девојчиња

Апасиев со обвинувања за валидноста на дипломата на директорот на АНБ

СДСМ: Полицијата потфрли во превенција на скандалозните настани, Тошковски се уште никаде го нема