Белгискиот институт за јавно здравје денеска прогласи епидемија на грип во земјата и предупреди дека се погодени сите возрасни групи, но најмногу децата и младите.
Високиот совет за здравство препорача вакцинација против грип, главно за ризични лица, возрасни над 65 години, бремени жени, лица со хронични заболувања или оние кои престојуваат во институции и медицински персонал.
Според статистиката на Институтот, стапката на заболени од грип веќе ги надминала максимумите постигнати во претходните три зими.
Сегашната епидемија на грип е придружена со циркулација на многу други респираторни заболувања, предизвикани од вирусот Ковид-19 или бронхитис. Загрижува и бројот на случаи на ковид-19, особено се зголемува загриженоста поради повторното избивање на епидемијата во Кина.
Од сабота, Белгија ќе воведе тестирање на отпадната вода од авионите кои пристигнуваат од Кина за да се провери дали патниците го носат новиот вид на вирусот, додавајќи дека земјата ќе воведе тестови и за патниците од Кина.
Се вели дека мерките ќе се однесуваат само на директните летови од Кина.