Утрински Весник
Македонија

ВМРО-Народна ги повика скопјани да го бојкотираат палењето на бадникарски огнови

ВМРО-Народна ги повика скопјани да го бојкотираат палењето на бадникарски огнови

ВМРО-Народна партија ги повикува граѓаните на Скопје да го бојкотираат палењето на бадникарски огнови низ градот за време на еден од најтешките православни празници – Бадник, бидејќи, како што велат, со тоа се помага да се влошува и така тешката еко-катастрофа со која се соочува нашиот град, а во исто време се зацврстува македонскиот православен идентитет.

dobivaj vesti na viber

„ Граѓаните на Скопје треба да знаат дека палењето на огнови во Македонија е донесено и наметнато за време на српската окупација.

Никогаш во македонската историска и христијанска традиција порано на ваков начин не се дочекувал Бадник, а и денеска најголем број од градовите низ Северна Македонија немаат таква традиција што значи се спротиставуваат на ваквите пагански елементи во рамките на нашето свето и православно христијанство“ велат од ВМРО-Народна.

Можете да прочитате

Вечерва трагедија во Тетово: Маж загина во пожар во стан, едно лице повредено

Николоски: Ударите на Венко Филипче кон Велика Британија значат удар на темелите на Македонија 

Николоски: Бенефитите со влезот на третиот мобилен оператор се повеќе избор и пониски цени за граѓаните