Утрински Весник
Свет

Зеленски: Не гледам причина западните земји да не доставуваат тенкови на Киев

Зеленски: Нема да учествувам на самитот на Г20 доколку Путин учествува

Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа изјави дека не гледа причина зошто западните партнери да не ја снабдуваат Украина со тенкови.

dobivaj vesti na viber

„ Ќе добиеме повеќе оклопни возила, вклучително и лесни тенкови од француско производство. Тоа испраќа јасен сигнал до сите наши партнери: нема рационална причина зошто западните тенкови се уште не се испорачани на Украина – рече Зеленски, пренесува ТАСС.

По денешниот телефонски разговор со францускиот претседател Емануел Макрон, Зеленски потврди дека Киев ќе добие француски лесни тенкови.

Повикувајќи се на Елисејската палата, „Ројтерс“ претходно објави дека Макрон ветил дека ќе испорача лесни тенкови од типот AMKS-10 RC на Украина.

Во меѓувреме, секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина, Алексеј Данилов, го критикуваше германскиот канцелар Олаф Шолц за неговата неподготвеност да го снабдува Киев со тенкови.

Данилов рече дека „Шолц може да продолжи да си игра, ако сака Германците да се борат во германски тенкови во Берлин и Штутгарт“.

Можете да прочитате

Трамп најави укинување на санкциите кон Иран „во соодветен момент“ и нова воена помош за Украина

Иранскиот претседател Пезешкијан во интервју за Такер Карлсон: „Сакаме мир, но ќе се браниме ако сме нападнати“

Силва: Светот нема потреба од император