Утрински Весник
Магазин

Новата девојка на Бред Пит, Инес де Рамон, е дел од индустријата за накит

Новата девојка на Бред Пит, Инес де Рамон, е дел од индустријата за накит
Dik 300x250 mk

Бред Пит, наводно, повторно е вљубен, објавија светските шоу-биз медиуми.

dobivaj vesti na viber

Актерот првпат беше фотографиран на рандеву со Инес де Рамон во ноември, пренесува „Холивуд лајф“. Оттогаш неколку пати беа видени заедно во јавност.

Инес е потпретседател на Anita Ko Jewelry, според нејзиниот LinkedIn профил. Таа Работела за De Grisogono од 2014 до 2018 година и во одделот за накит на Christie’s од 2013 до 2014 година.

 

„Холивуд лајф“ ја опишува како дизајнерка на накит која пораснала во Франција.

Де Рамон беше во брак три години со актерот Пол Весли од серијата „Вампирски дневници“. Се разделија минатата година.

Магазинот „Пипл“ објави дека Бред (59) и Инес (32) ја поминаа новогодишната ноќ заедно во Кабо Сан Лукас, Мексико.

Можете да прочитате

Каква зима не очекува ќе видиме на Митровден – Што значи ако врне, а што ако сонце грее

Денес размислете рационално: Дневен хороскоп (06.11.2025)

Денеска се празнува Светиот маченик Арета