Утрински Весник
Економија

„Амазон“ најавува отпуштање на 18.000 работници

„Амазон“ најавува отпуштање на 18.000 работници

Извршниот директор на американската компанија за онлајн трговија „Амазон“, Енди Џеси, објави дека компанијата планира да отпушти повеќе од 18.000 работници.

dobivaj vesti na viber

Џеси ја објави информацијата за отпуштање на веб-страницата на „Амазон“, пренесува Ројтерс.

Извршниот директор на Амазон рече дека разговорите со работниците ќе започнат на 18 јануари и дека погодените од отпуштањето ќе добијат помош во форма на отпремнина и поддршка за наоѓање друга работа.

Најпогодени од отпуштањата ќе бидат секторите на онлајн продавницата „Amazon Stores“, како и секторите за управување со човечки ресурси, се вели во соопштението.

„Амазон“, чие седиште е во Сиетл, почна да отпушта повеќе работници во декември, а извор од компанијата изјави за Ројтерс тогаш дека 10.000 луѓе ќе бидат отпуштени.

„Амазон“ вработува повеќе од 1,5 милиони работници на глобално ниво и, според проценките, се подготвува за забавување на растот на бизнисот бидејќи зголемената инфлација ги принудува бизнисите и потрошувачите да ги намалат трошоците, проценува Ројтерс.

Во пресрет на очекуваната рецесија и поради послабите деловни резултати, отпуштања во претходните месеци веќе најави, меѓу другото, и „Мета“, компанијата во чии рамки работат Фејсбук и Инстаграм, од која беше најавено дека ќе отпуштат повеќе од 11.000 работници, како и американската софтверска компанија „Мајкрософт“, која најави дека ќе отпушти околу 1.000 лица.

Можете да прочитате

Петрушевска до опозицијата: Седум години покажувавте огромна негрижа, а сега зборувате за социјална правда

„Сакам да работам“ до ДУИ и ВЛЕН: Дали вашата политичка војна треба да остави 10 илјади луѓе без работа

Демант од Групација на небанкарските финансиски друштва при Стопанската комора на Северна Македонија