„Владата да објасни под кои критериуми ги дели картичките за иселеници, дали критериумот е ист како за пасошите на криминалците?“, прашуваат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Според официјалното известување од МНР МКарта може да добијат истакнати личности од дијаспората кои дале придонес кон подобрување на односите помеѓу Македонија и државата каде тие престојуваат. И притоа е објавена листа во медиумите од сите лица на кои им е доделена МКарта, но власта не кажува кој ги избрал тиe лица и што тие направиле, велат од партијата на Мицкоски.
„Власта не кажува зошто тие, а не други лица добиле МКарта. Кој е критериумот по кој се бодувани или воопшто не се бодувани, туку истите се избрани по волја и критериуми познати само за Османи? Кога се даваат привилегии од државно значење, јавноста мора да знае кои се критериумите по кои се даваат, кој одлучува кому да му бидат дадени истите привилегии, и дали лицата сами се пријавиле или некој ги избрал и кој?“, се посочува во нивното соопштение.
Без јасни критериуми и правила, додаваат од таму, се носиме во ситуација доделувањето МКарти да се претвори во фијаско како со штанцањето пасоши на криминалци.