Уште ништо не е готово во Серија А! Откако предноста на Наполи на врвот на табелата изгледаше недопирлива по неверојатната есен за тимот на Лучано Спалети, „партенопеи“, конечно, беа спуштени на земја на „Сан Сиро“, каде што Интер стигна до 1:0 победа.
Федерико Димарко во 56. минута од мечот, фантастично го пронајде Един Џеко, кој со својот трет гол во последните четири меча на Интер, донесе предност, која потоа се покажа како недостижна за гостите. Наполи, за кои Елиф Елмас влезе во игра во последните 15-тина минути на место на незабележливиот Квара Кварацхелија, имаше повеќе од поседот на топката и од ударите на голот, но на крајот го забележа својот прв пораз оваа сезона.
Тие остануваат лидери на табелата со 41 поен, пет поени пред актуелниот шампион Милан, а следуваат Јувентус со 34 и сега Интер на четвртото место со 33 поени.
СЕРИЈА А, 16.КОЛО
Интер – Наполи 1:0
Удинезе – Емполи 1:1
Dzeko 😮💨pic.twitter.com/0CcjkTIgRs
— GonçaloDias17 (@goncalo_diass17) January 4, 2023
(function (el) {
window.addEventListener(“message”, (event) => {
if (event.origin.startsWith(“https://www.sofascore”)) {
if (el.id === event.data.id) {
el.style.height = event.data.height + “px”;
}
}
});
})(document.getElementById(“sofa-standings-embed-33-42415”));