Утрински Весник
Спорт

„Бомбата“ на Милик во 91. минута извлече победа за Јуве кај Кремонезе

„Бомбата“ на Милик во 91. минута извлече победа за Јуве кај Кремонезе

Откако во 90 минути се мачеа против мотивираниот и цврст тим на Кремонезе, на Јувентус им беше потребен одличниот гол на Аркадијуш Милик од слободен удар во 91. минута за да стигнат до 0:1 победа против претпоследнопласираниот тим на табелата.

dobivaj vesti na viber

Откако годината ја завршија со одлични пет победи во низа искачувајќи се на третото место на табелата, а со оздравениот Федерико Киеза во стартниот состав, навивачите на Јуве очекуваа лесна победа над претпоследниот тим на табелата, но наместо таа наидоа на цврст противник, против кого не можеа да направат многу шанси, а и кога ги имаше нивните напаѓачи не беа прецизни. Кремонезе двапати ја погоди стативата на Јуве, но во 91. минута, Милик од огромна далечина, конечно донесе три поени.

Јуве остануваат трети на табелата со 34 поени, два зад второпласираниот Милан и четири пред Интер (со натпревар помалку). Кремонезе пак, остануваат единствениот италијански прволигаш без победа со седум поени на 19. место.

Фиорентина, пак, и покрај тоа што прва дојде во предност, се задоволи со 1:1 реми со уште еден нов прволигаш, Монца на Силвио Берлускони. Артур Кабрал ги донесе Виола во водство во 19. минута, пред Карлос Аугусто во 61. минута да израмни за гостите.

СЕРИЈА А, 16.КОЛО
Кремонезе – Јувентус 0:1
Фиорентина – Монца 1:1

(function (el) {
window.addEventListener(“message”, (event) => {
if (event.origin.startsWith(“https://www.sofascore”)) {
if (el.id === event.data.id) {
el.style.height = event.data.height + “px”;
}
}
});
})(document.getElementById(“sofa-standings-embed-33-42415”));

Standings provided by Sofascore

Можете да прочитате

Македонските фудбалерки до 19 години ќе играат квалификациски турнир во Португалија

Верстапен: Во Мекларен ќе станев шампион многу порано

Младост 96 есенски шампион во пингпонгарската Суперлига