Утрински Весник
Македонија

На автопат пронајдени 12 мигранти во „бмв“

На автопат пронајдени 12 мигранти во „бмв“

Во возило бмв на автопатот А1, во правец кон Скопје, пронајдени се 12 мигранти.

dobivaj vesti na viber

Според информациите, ноќеска по полноќ, во реонот на гевгелиското село Богородица, полицајци од граничниот премин Богородица, дале знак за запирање на возилото бмв со скопски регистарски таблици, но тоа не застанало и продолжило со движење.

Набргу, на автопатот А1, во правец кон Скопје, на место викано „Мрзенска река“, возилото било пронајдено запрено, а во него се пронајдени 12 лица мигранти, од кои девет од Сирија и три од Пакистан. Мигрантите биле сместени во Прифатно-транзитен центар „Винојуг“ во Гевгелија за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Можете да прочитате

Владата препорача работа од дома за вработените во институциите во зградата на „Нова Македонија” поради техничката хаварија

Со нож прободено 16-годишно момче во Кумановско, итно пренесено на клиниките во Скопје

Ферати: Бошњаците се важна алка на нашето општество