Утрински Весник
Македонија

Беким Сали: Во новата година уште една трансплантација на црн дроб, бубрези и коскени ткива

Беким Сали: Во новата година уште една трансплантација на црн дроб, бубрези и коскени ткива

Новата година започнува со уште една трансплантација на црн дроб, на бубрези и на коскени ткива.

dobivaj vesti na viber

Рано утрово на Хируршките клиники започна експлантацијата на органите, откако вчера попладне семејството на пациентка во мозочна смрт даде согласнот за донирање.

– Нивната желба да подарат некому живот и здравје, денес донесе трансплантација на црн дроб, два бубрега и на коскени ткива.
Благодарност до семејството од мое име и од името на сите екипи кои во изминативе 24 часа работеа и продолжуваат да работат, истакна министерот за здравство д-р Беким Сали.

Тој истовремено искажа благодарност до сите медицински екипи кои изминатите часови работеа на подготовка на донорот, на реципиентите и во операциските сали.

– Не радува тоа што се повеќе семејства се одлучуваат да ги донираат органите и да спасат некому живот.

Новата година ја започнуваме со акт на хуманост и добрина. Со надеж и верба, потенцира Сали.

Можете да прочитате

Возачите преку апликација најдоа начин како да ги избегнат казните

Раководството и сите членови на Извршниот одбор поднесоа оставки, СДСМ внесува нова енергија

Филипче: Дали сум јас патриот кој ја сака Македонија во ЕУ и богата или ДПМНЕ што ја сака изолирана и сиромашна?