Утрински Весник
Спорт

Ќе го смени клубот, но не и и клупските бои

Ќе го смени клубот, но не и и клупските бои

Душан Влаховиќ нема да настапи за Јувентус на натпреварот од 16. коло против Фиорентина. Пред една година за 82.600.000, српскиот напаѓач од Фиорентина се пресели во Јувентус.

dobivaj vesti na viber

Повредата на препоните се уште го спречува да се врати во тимот, а од торинскиот клуб очекуваат српскиот репрезентативец да биде целосно подготвен за 10 до 15 дена.

Италијанските медиуми, тврдат дека Јувентус во летниот преоден рок е подготвен да го продаде Влаховиќ. Овие извори шпекулираат со сума од 90.000.000 евра.

Напаѓачот кариерата бо можел да ја продолжи во Премиер лигата, каде има најголем интерес за неговите услуги.

Арсенал, кој по долго време повторно е во трка за титулата, е најзаинтересиран за Влаховиќ, а втор на листата е Њукасл, сигурно најпријатното изненадување сезонава во најсилната лига.

Њукасл и минатото лето беа заинтересирани за Влаховиќ, но тогаш тој не бил заинтересиран за преселба на „Сент Џејмс Парк“.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина