Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Мнозинството во СДС бара избори, Ковачевски и Зечевиќ знаат дека тоа би било крај на нивните криминални кариери затоа се против

ВМРО-ДПМНЕ: Мнозинството во СДС бара избори, Ковачевски и Зечевиќ знаат дека тоа би било крај на нивните криминални кариери затоа се против

Две кариери, онаа на Димитар Ковачевски и таа на Миле Зечевиќ ја држат Македонија во заложништво. Тие знаат дека предвремени избори ќе значат крај на нивните криминални кариери, и почеток на промените за посигурна иднина на Македонија. Дури и мнозинството во СДС, членови, министри и дел од пратениците заговараат избори бидејќи не гледаат излез од ќорсокакот во кој раководството на СДС, Ковачевски и Зечевиќ, ја втурнаа државата. Додека сите очекуваат избори, Ковачевски не сака избори, за да продолжат тендерите и бизнисите на фирмите на неговиот кум, бизнисите на неговото најтесно семејство, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

Додека Македонија е на колена, семејството Ковачевски врти милиони од власта која ја ползува. И додека Македонија тоне, Ковачевски си продолжува да биде верен калфа на Ахмети и да слуша пораки од Зајас, но и од Струмица. Таквата коалиција на хаосот надоградена со поддршката на фолирантите од Левица на локално ниво ја упропастува секоја иднина на секој еден граѓанин, додаваат од партијата.

Лекот и излезот се избори, а Ковачевски, ако ништо друго нека го слушне гласот на народот и на своето членство. Македонија не смее да биде заложник на криминалните кариери на Зечевиќ и Ковачевски, се вели во соопштението.

Можете да прочитате

За 500 евра „Македониум“ отстапен за спот на косовскиот рапер Дон Џони

Владата препорача работа од дома за вработените во институциите во зградата на „Нова Македонија” поради техничката хаварија

Со нож прободено 16-годишно момче во Кумановско, итно пренесено на клиниките во Скопје