Јанис Адетокумбо и дебклот на Бостон Селтикс во Оклахома ја обележаа ноќта во НБА лигата, во која беа одиграни три натпревари.
Адетокумбо со 55 поени, 10 скока и седум асистенции го предводеше Милвоки Бакс до победата над вашингтон Визардс со 123:112. Со личниот рекорд, Јанис, ја прекина серијата од пет победи во која се наоѓаа кошаркарите на Вашингтон. Сепак не успеа да го урне клупскиот рекорд кој остана во сопственост на Мајкл Ред., поставен во ноември 2006 година.
Оклахома, без најдобриот играч Шеј Гилџис-Александер го декласира Бостон со 150:111. Џош Гиди постигна 25, Лу Дорт 23, а Вилијамс, Ман и Ајсија Џо по 21. Оклахома шутираше близу 60%, ова е убедливо најубедливиот пораз за Селтикси, но и најголемата победа за Тандер. Ниту 58 поени на Тејтум и Браун не им помогнаа на фаворизираните гости. Лошата вест за најдобриот тим во лигата е што утре вечер во Тексас ги очекува Лука Дончиќ.
Диарон Фокс беше херојот на победата на Сакраменто во Јута. Тој постигна кош во последната секунда за победа 115:117, а 22 од своите 37 поени постигна во последната четвртина.
Лаури Марканен уфрли 28 поени, но тоа не и помогна на Јута, која загуби уште еден тесен натпревар, петти во серија.