Поранешниот гувернер на државата Имо на југоисточниот дел на Нигерија, Икеди Охаким, кој патувал во колона автомобили, денеска бил нападнат од заседа, а четворица припадници на безбедносните сили биле убиени во вооружен бомбашки напад.
Тројца полицајци и еден припадник на паравоените сили беа убиени во заседата, а Охаким, главната цел на нападот, успеа да излезе и да избега, изјави полицискиот комесар Мухамед Барде.
Насилството во југоисточниот дел на Нигерија е во пораст во последниве години, а една од главните причини се сепаратистите кои себеси се нарекуваат домородното население на Биафра, според АП, пренесува Танјуг.
Сепаратистите бараат референдум за автономија и одвојување од Нигерија и не бегаат од напади врз важни претставници на владата и нигериските безбедносни сили во југоисточниот дел на земјата.
Четворица полицајци беа убиени во слична заседа на југоистокот на земјата во државата Анамбра во септември минатата година.
Претседателските избори во Нигерија ќе се одржат во февруари, а локалното население стравува дека тие би можеле да бидат причина за нови вооружени напади,пренесе Телеграф.рс.