Утрински Весник
Спорт

Шкриниар на крстопат – Арсенал, Челси, ПСЖ или да остане во Интер

Шкриниар на крстопат – Арсенал, Челси, ПСЖ или да остане во Интер

Дефанзивецот на словачката фудбалска репрезентација и на Интер, Милан Шкриниар, е цел на Арсенал, Челси и на Пари Сен Жермен, пренесуваат англиските медиуми. Шкриниар влезе во последните шест месеци од договорот со Интер, кој исто така сака да го задржи, но фудбалерот сѐ уште не донел одлука за продолжување на кариерата.

dobivaj vesti na viber

Италијанците пишуваат дека Интер му нуди 6 милиони евра по сезона, плус одредени бонуси за продолжување на соработката, а тоа е конечната понуда од „нероаѕурите“, кои немаат намера да го кренат влогот.

Се шпекулира дека Интер ќе бара најмалку 30 милиони евра отштета за да го пушти во јануари, иако Словакот би можел да си замине од „Џузепе Меаца“ без обештетување на крајот од сезоната.

Можете да прочитате

Арсенал и Баерн обезбедија место во осминафиналето на Лигата на шампионите

Заврши првата фаза на Европското првенство во ракомет

Ѓоковиќ се пласираше во третото коло на Австралија опен