Утрински Весник
Свет

Патријархот Кирил: Постои закана од војна од големи размери

Патријархот Кирил: Постои закана од војна од големи размери

Патријархот московски и на цела Русија, Кирил денеска изјави дека односите меѓу земјите се влошени во последните десет години и оцени дека поради оваа недоверба постои закана од војна од големи размери.

dobivaj vesti na viber

Како што рече, многу работи се сменија во последните десет години.

„Сите сме сведоци на многу напната атмосфера и недоверба меѓу земјите, а оваа тензија расте и се заканува да прерасне во војна од големи размери. Односите се уназадија, имајќи предвид дека толку многу се влошија“, рече патријархот Кирил, пренесува Спутник.

Можете да прочитате

Трамп потпиша меморандум за разбирање меѓу САД и Иран за ставање крај на војната

Најголем украински напад со дронови врз Москва во последните две години

Дански баталјон ќе биде распореден во Летонија за одвраќање на Русија