Утрински Весник
Македонија

Хаос на скопскиот аеродром – одложени па откажани летови до Македонија

Хаос на скопскиот аеродром – одложени па откажани летови до Македонија

Стотици заглавени патници, неизвесност, потрага по алтернативи. Вака изгледаат патувањата изминативе денови на низа граѓани кои требаше да се вратат во Македонија, но и на туристи кои планираат да ја посетат Македонија. Вчера се откажани 13 летови на авиони кои требаше да слетаат на скопскиот аеродром. Причината е густата магла. Има и летови кои наместо во Македонија, кои слетаа во Косово. И денешниот ден започна така, со откажување на летот од Шведска за Македонија. На аеродромот останаа иселеници, посетители, но и патници кои само транзитираат преку Македонија. Меѓу нив, и родители со бебиња и деца.

dobivaj vesti na viber

Како и за другите летови, така и за летот од Шведска за Македонија, постоеше обид да се остави време за да се подобрат временските услови пред да се полета. По три одложувања, стигна и известувањето дека летот целосно се откажува. Дел од патниците целосно го откажаа патувањето, а оние кои мораа да стигнат веќе утре во Македонија – бараа алтернативи. Првиот следен лет кој им беше понуден за Македонија е за во петок. За да не чекаат четири дена, најголем дел се одлучија да го променат летот и да патуваат во Белград и Софија – дестинации за кои веќе вечерва има лет во попладневните часови. Бидејќи летовите се доцна попладнево, патниците половина ден ќе треба да го поминат на аеродром. Слетувањата во соседните земји се во доцните ноќни часови, а од таму, сами треба да најдат начин како ќе стигнат во Македонија.

Авионите кои треба утрово да полетаат од Македонија, според веб-страницата на ТАВ, тоа го прават со задоцнување. Вчера имаше десет откажани летови. Утрово само едно полетување. И за денеска има десетина нови летови кои се во неизвеност поради временските услови. До 10 часот утрово, има три потврдени летови, за кои е извесно дека ќе полетаат за Македонија, но не се знае дали ќе имаат можност да слетаат или ќе се уптат на аеродромите во близина.

Проблемите со летовите започнаа пред три дена.

Можете да прочитате

Лукаревска: Со гордост ја напуштам функцијата, на Фани ѝ посакувам успех во зацврстувањето на социјалдемократските вредности

Зоран Заев единствен државник од Балканот спомнат во мемоарите на Меркел

Поради сообраќајна несреќа, во прекин сообраќајот на патот Велес – Градско