Утрински Весник
Свет

Израел повеќе нема јавно да зборува за ситуацијата во Украина

Израел повеќе нема јавно да зборува за ситуацијата во Украина

Новата влада на Израел, на чело со премиерот Бенјамин Нетанјаху, помалку јавно ќе зборува за ситуацијата во Украина, изјави израелскиот министер за надворешни работи Ели Коен.

dobivaj vesti na viber

– Во однос на односите меѓу Русија и Украина, ние дефинитивно ќе направиме една работа – помалку јавно ќе зборуваме за тоа – рекол Коен, а пренесува израелскиот весник „Хаарец“.

Министерот, сепак, не сакаше да го коментира барањето на Киев за испорака на оружје, но нагласи дека Израел ќе продолжи да и дава хуманитарна помош на Украина.

Коен најави и дека има намера да разговара со неговиот руски колега Сергеј Лавров. Според „Тајмс оф Израел“, министрите би можеле да разговараат на 3 јануари.

Новата влада на Израел, предводена од лидерот на партијата Ликуд, Бенјамин Нетанјаху, положи заклетва на 29 декември.

Нетанјаху претходно беше премиер на земјата – од 1996 до 1999 година и од 2009 до 2021 година.

Можете да прочитате

Осмоодделенец со нож уби наставничка, повредени уште две лица

Стапи во сила забраната на САД за увоз од Канада во вредност од една милијарда долари

Иран се закани со напади врз енергетската инфраструктура по говор на Трамп