Утрински Весник
Спорт

Џермејн Пенант прогласи банкрот

Џермејн Пенант прогласи банкрот

Поранешниот англиски фудбалер Џермејн Пенант (39) прогласи банкрот откако натрупа долгови од над еден милион фунти, пишуваат британските медиуми. Судот во Бирмингем издаде налог за стечај на поранешниот крилен напаѓач на Арсенал и Ливерпул.

dobivaj vesti na viber

Пенант им должи пари на даночниците и банките. Неговата медиумска компанија „Jermaine Pennant Ltd“, основана по неговите ТВ настапи, беше затворена во 2020 година бидејќи остана без приходи.

„Неговите долгови се со седум цифри. Долговите кон даночните обврзници и банките се огромни, тој не ја платил хипотеката и неговиот имот ќе биде одземен“, изјави неименуван извор за „Сан“.

Пенант играше за Ливерпул со кој загуби во финалето на Лигата на шампионите во 2007 година, а во кариерата успеа да игра и за Арсенал, Лидс, Сарагоса, Портсмут и уште неколку англиски и егзотични клубови ширум светот, како што е Пуне Сити.

Можете да прочитате

Почна судскиот процес за изнуда на пари од Погба, меѓу обвинетите и неговиот брат

Навивачите на Баерн со порака за претседателот на ПСЖ

Манчестер сити испушти 3:0 над Феенорд и ја продолжи серијата без победа на шест натпревари