Утрински Весник
Свет

Столтенберг: Можна нова руска офанзива врз Украина

Столтенберг: Можна нова руска офанзива врз Украина

Столтенберг изјави за Би-Би-Си дека делумната мобилизација на Русија, започната во септември, покажува дека Москва не планира да ги прекине непријателствата во блиска иднина.

dobivaj vesti na viber

– Сето ова укажува дека тие се подготвени да ја продолжат војната и да се обидат потенцијално да започнат нова офанзива – тврди тој.

Шефот на воениот блок предводен од САД, исто така, инсистираше на тоа дека Западот продолжи да обезбедува оружје и други форми на поддршка за Украина. Според генералниот секретар, „ова е единствениот начин да се убеди Русија дека мора да седне и да преговара со добра волја и да ја почитува Украина како суверена независна нација во Европа“.

– Она што го знаеме е дека она што може да го постигне Украина на таа маса зависи целосно од нејзината сила на бојното поле – нагласи тој.

Столтенберг во петокот рече дека, иако тоа „може да звучи парадоксално“, западната воена поддршка за Украина е „најбрзиот пат до мир“,пренесе Новости.рс.

Можете да прочитате

Израел ги нападна Хутите во Јемен

Трамп најави дополнителни царини за секој што ќе соработува со „антиамериканскиот сојуз БРИКС“

Бројот на жртви од поплавите во Тексас достигна 70