Утрински Весник
Свет

Спасувачи во Виетнам втор ден се обидуваат да ослободат момче заглавено во бетонски столб

Спасувачи во Виетнам втор ден се обидуваат да ослободат момче заглавено во бетонски столб

Спасувачите во Виетнам и денеска, втор ден по ред, се обидуваат да ослободат 10-годишно момче, откако на новогодишната ноќ паднало во тесен отворен бетонски столб на градилиште, јавува Ројтерс.

dobivaj vesti na viber

Ли Хао Нам повикал помош веднаш откако во саботата наутро паднал во темелите на столбот, но спасувачите денеска не добиле одговор од него, па ја спуштиле камерата за да се обидат да ја лоцираат неговата позиција во дупка длабока 35 метри.

Несреќата се случила на градилиштето на мост во провинцијата Делта Меконг, каде момчето со пријателите барало старо железо.

„Не можам да разберам како паднал во шупливата бетонска конструкција, која има распон од само 25 сантиметри во дијаметар и е забиена 35 метри во земјата“, изјави Ле Хоанг Бао, службеник на Одделот за транспорт на провинцијата Донг Тап.

Напорите за подигање на конструкцијата со дигалки и багери засега се неуспешни, а спасувачите не можат да ја утврдат положбата на момчето, јавуваат медиумите.

Спасувачите пумпаа кислород во структурата и ја омекнаа земјата околу неа, но оттогаш таа малку се навали, што ги комплицираше напорите за опоравување, пренесува Ројтерс.

Можете да прочитате

Три тела извлечени од потонатиот туристички брод во близина на брегот на Египет

Аналитичари: Русија напредува во Украина со најбрзо темпо од почетокот на војната

Парламентарното собрание на НАТО усвои резолуција за итна интеграција на Украина во Алијансата