Утрински Весник
Свет

Конашенков: Во артилериските контра напади, уништено е украинско артилериско оружје и воени инсталации

Конашенков: Во артилериските контра напади, уништено е украинско артилериско оружје и воени инсталации

Руските војници вклучени во специјална воена операција уништија две хаубици од полско производство во Доњецката Народна Република, изјави денеска портпаролот на руското Министерство за одбрана, генерал-полковник Игор Конашенков.

dobivaj vesti na viber

„Како дел од артилериските контра напади, две самоодни хаубици „Краб“ од полско производство беа уништени на стрелачки позиции во близина на населбите Иванопоље и Звановка во Доњецката Народна Република (ДНР), од каде што украинските сили гранатираа станбени области“, рече Конашенков, според за ТАСС.

Тој додаде дека две украински хаубици Д-20 се уништени во близина на населбата Невски во Луганската Народна Република.

Можете да прочитате

Словенија прогласи двајца израелски министри за персона нон грата

Во Велика Британија на избори ќе се гласа со наполнети 16 години

Регрут од украинската армија уби двајца свои инструктори