Утрински Весник
Свет

Украинците новата година ја чекаат без струја

Украинците новата година ја чекаат без струја

Повеќе од 30 отсто од жителите на Киев останаа без струја поради вонредното исклучување, додека водоснабдувањето и греењето работат без промени, соопшти денеска градоначалникот на тој град Виталиј Кличко.

dobivaj vesti na viber

Тој изјави дека возовите не сообраќаат на црвената линија на киевското метро, ​​од станицата Академгородок до станицата Арсеналнаја, бидејќи се уште не е проверено дали на таа линија има остатоци од проектили.

Претходно денеска на Телеграм напиша дека во руските ракетни напади врз Киев загинало едно лице, а 11 се повредени и дека најмалку три жени се пренесени во болница, а меѓу повредените има и јапонска новинарка.

Кличко додаде дека цел на руските сили биле и областите Печерски и Холосивски, односно централниот и западниот дел на градот, објави Гардијан.

Можете да прочитате

Русија тврди дека нејзините сили зазеле уште едно село во источна Украина

 „Брисел ја уништува демократијата во Европа“ – Маск со повик земјите членки да ја напуштат ЕУ

Суд во Флорида ѝ наложи на Тесла да плати 243 милиони долари отштета за фаталната несреќа со автопилот