Утрински Весник
Спорт

Кеси дојде бесплатно во Барса, ќе ја напушти за 13 милиони евра

Еквадор пред исфрлање од Мундијалот, доказите за „фалсификувањето“ на Кастилјо се огромни!
Dik 300x250 mk

Франк Кеси по само шест месеци ќе ја напушти Барселона. Донесен како големо засилување, репрезентативецот на Брегот на Слоновата коска, не доби вистинска шанса во Барселона, поради тоа побарал да го напушти клубот во зимскиот преоден рок.

dobivaj vesti na viber

Минатото лето, Барселона ја доби трката со неколку други големи клубови, за потписот на Кеси. Играчот особено и беше привлечен на Барселона, бидејќи за не го клубот не мораше да плати оштета. Тој како слободен играч пристигна од Милан.

Не доби вистинска шанса од Чави, кој во редот за врска најчесто ги користеше Бускетс, Гави, Педри и Де Јонг.

Тотенхем сака да го искористи незадоволството на Кеси и да го донесе во Лондон. Понудиле 13.000.000 евра.

Барселона, пристисната со финансиските проблеми, веројатно ќе ја прифати оваа понуда. Кончената одлука клубот ќе ја донесе откако претседателот Лапорта ќе обави консултации со Чави и неговиот стручен тим.

Каталонски Спорт наведува дека Кеси не му се наметнал на Чави и дека за него е подобро да го смени средниот ред.

Кеси одигра 13 натпревари за Барселона, постигна еден гол.

Можете да прочитате

Ѓоковиќ донесе одлука за настапот на завршниот Мастерс

Почина екс тренерот на Шкупи, колабирал на терен

Лос Анџелес Доџерс ја одбранија титулата