Утрински Весник
Македонија

Утринска магла и температури над просекот за овој период од годината

Утринска магла и температури над просекот за овој период од годината

Претпладне по одделни котлини и вдолж Повардарието со појава на магла или ниска облачност, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец.

dobivaj vesti na viber

Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.

Во Скопје претпладне со појава на магла, преку денот претежно сончево и тивко.

Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 11 степени.

Продолжува периодот на стабилно и претежно тивко време со релативно високи дневни температури.

По котлините ќе има појава на магла или ниска облачност со променлив интензитет и пониски дневни температури. Особено топло ќе биде на повисоките места за време на викендот и во почетокот на следната седмица.

Можете да прочитате

Левица: Мицкоски да одговори како Фетаи со двојно државјанство добил пристап до државни тајни

Поднесено обвинение за депониите во Вардариште, ОЈО Скопје постапува и во други предмети за загaдување со отпад

Потпишана нова Рамка за соработка со Обединетите нации