Утрински Весник
Свет

Вучиќ: Ситуацијата на северот на Косово е поопасна отколку што мислат луѓето

Вучиќ: Ситуацијата на северот на Косово е поопасна отколку што мислат луѓето

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека разговарал со претставници на Европската Унија и „замолил да водат сметка бидејќи ситуацијата на Косово е многу поопасна и потешка отколку што мислат луѓето“.

dobivaj vesti na viber

„Се плашам од неодговорноста на европските претставници и од ароганцијата на властите во Приштина“, изјави Вучиќ пред новинарите во Белград. Вучиќ истакна дека очекува „во средината на јануари да дојдат големи луѓе од целиот свет“ и да кажат дека „мора да постигнеме договори“.

Поголемиот дел од барикадите што ги поставија Србите од северот на Косово беа отстранети по 19 дена, додека Белград, по деескалацијата, очекува притисок од меѓународната заедница да го забрза постигнувањето договор со Приштина, пишуваат српските медиуми.

Можете да прочитате

Жесток руски напад врз Киев има мртви и ранети

Осмоодделенец со нож уби наставничка, повредени уште две лица

Стапи во сила забраната на САД за увоз од Канада во вредност од една милијарда долари