Утрински Весник
Македонија

Арачиновец ja грабнал сопругата со која бил во бракоразводна постапка

Арачиновец  ja грабнал сопругата со која бил во бракоразводна постапка

Основното јавно обвинителство Куманово донесе наредба за спроведување истражна постапка против 33-годишен жител на селото Орланци, општина Арачиново, за кого постои основано сомнение дека, во соизвршителство со друго засега непознато лице, сторил кривично дело – Грабнување од член 141 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.

dobivaj vesti na viber

На 7 декември, од семејна куќа во селото Отља, општина Липково тие насилно ја грабнале оштетената сопруга на осомничениот со кој била во бракоразводна постапка.

На присутните домашни им се заканиле со пиштол и автоматска пушка со намера да ја присилат оштетената да остане во брачна заедница со осомничениот.

На главата и ставиле навлака за перница, па така ја влечеле кон задниот излез од дворот на куќата.

Ценејќи дека се исполнети законските основи, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.​

Можете да прочитате

400 извидници од цела држава го одбележаа Денот на извидниците во Кичево

Сообраќајна несреќа пред Веро Џамбо во Скопје

Насилна ноќ во Скопје: Пијан возач нападна полицаец, обид за прегазување на дете и серија тепачки низ градот