Утрински Весник
Спорт

Барселона со жалба „изигра“ Левандовски да може да игра против Еспањол

Барселона со жалба „изигра“ Левандовски да може да игра против Еспањол

Полскиот интернационалец Роберт Левандовски ќе може да настапи за Барселона на утрешното градско дерби против Еспањол. Тој доби суспензија од три натпревати поради црвениот картон што го заработи на натпреварот против Осасуна.

dobivaj vesti na viber

Сепак, правниот тим на каталонскиот гигант испрати жалба до Спортскиот трибунал во Шпанија во обид неговата казна да биде намалена.

Трибуналот го нема разгледано барањето на Барселона, а сѐ додека нема одлука, нема да стапи на сила ниту санкцијата што ја изрече Дисциплинската комисија на Ла Лига.

Можете да прочитате

Лазаров повика 35 ракометари за подготовките за ЕП 2026

Љубослав Пенев се бори за живот

Почина легендарниот италијански тенисер Пјетрањели