Утрински Весник
Свет

Кулеба: Само Макрон го иницира прашањето за безбедносните гаранции за Русија

Кулеба: Само Макрон го иницира прашањето за безбедносните гаранции за Русија

Министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, изјави дека ниту еден европски лидер, освен францускиот претседател Емануел Макрон, не го иницира прашањето за безбедносните гаранции за Русија.

dobivaj vesti na viber

Во интервју за „РБЦ Украина“, Кулеба рече дека партнерите на Украина мора да разберат дека суштината на Русија нема да се промени без оглед на владата, пренесува „Унијан“.

Шефот на украинската дипломатија смета дека сега е важно да се надмине наративот дека Русија може да се претвори во либерална демократска земја.

Според Кулеба, Русија е таква каква што е, а тоа треба да го сфатат и другите, пренесе „Танјуг“.

Можете да прочитате

Трамп, Путин и Шjи Џинпинг се ракуваа во Кина, утре историска средба

Две лица повредени во земјотрес во Романија, најсилен од 2018 година

Европа стравува дека Трамп би можел да постигне договор со Путин без Украина