Утрински Весник
Свет

Наместо честитка, британски лекар по грешка на пациентите им испратил дијагноза со рак на белите дробови

Наместо честитка, британски лекар по грешка на пациентите им испратил дијагноза со рак на белите дробови

Докторска ординација на северот на Англија по грешка на своите пациенти им испратила порака за галопирачки рак на белите дробови со метастази наместо божиќна и новогодишна честитка, објави денеска британскиот весник „Сан“.

dobivaj vesti na viber

Пациентите во ординацијата во Аскерн, во близина на Донкастер, добија СМС пораки за дијагноза на рак и барање да пополнат формулар, со „Благодарам!“ на крајот од пораката.

Десетина минути подоцна добиле порака: „Претходната порака ви е испратена по грешка“. Нашата порака треба да биде: Ви посакуваме Среќен Божиќ и Среќна Нова Година!“.

Многу пациенти фотографирале погрешна порака и ја објавиле на социјалните мрежи.

„Уште една огромна грешка на ниту еден лекар“, напиша еден пациент на Фејсбук, а друг пациент одговори: „Сите во Аскерн ја добија таа порака“.

Весникот „Сан“ објави дека меѓу пациентите навистина има и 57-годишник кој го чекал резултатот од анализата за можен рак на белите дробови.

Пациентот Крис Рид изјави за британски таблоид дека по вознемирувачката порака се обидел да ги повика лекарите, но линијата била зафатена.

На крајот отишол во ординација каде лекарите му рекле дека резултатите му се негативни за рак,пренесе Денес.рс.

Можете да прочитате

Ново разрешување од функција на висок претставник во кинеската армија поради истрага за „сериозно кршење дисциплина“

Американска база од 1959 година забележана под 30 метри мраз на Гренланд

Истражување: Загадувањето на воздухот од пожари е поврзано со 1,5 милиони смртни случаи годишно