Утрински Весник
Магазин

Криси му посака среќен роденден на сопругот Џон Леџенд со фотографии од неговото детство

Криси му посака среќен роденден на сопругот Џон Леџенд со фотографии од неговото детство

Криси Тајген го слави својот сопруг Џон Леџенд на неговиот 44. роденден, пренесуваат американските таблоиди.

dobivaj vesti na viber

Манекенката (37) во средата сподели три фотографии на Џон како мал во чест на специјалниот ден.

„Среќен роденден на најдобриот човек, те сакаме премногу!!!“, напиша Криси во објавата на својот инстаграм-профил.

Објавата содржи фотографии од Џон како мал, облечен во маица со Мики Маус, еден портрет и една од него како бебе.

Хитмејкерот (All of Me, Ordinary People) на својот „Инстаграм“ објави фотографии од поранешни роденденски прослави.

„Се чувствувам благодарно за уште една година. Ми се допаѓа звукот на 44. Чувствувам дека ќе биде посебна! Ви благодарам за сите убави желби! Имав прекрасна ноќ со моите најблиски. Мајлс заспа пред моментот за фотографирање!“, напиша тој во објавата.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста