Утрински Весник
Свет

Русија ги поддржува мерките што ги презема Белград на Косово и Метохија

Русија ги поддржува мерките што ги презема Белград на Косово и Метохија
Dik 300x250 mk

Прес-секретарот на претседателот на Русија, Дмитриј Песков, изјави дека не е точно оти Русија ја дестабилизира ситуацијата во Косово.

dobivaj vesti na viber

На новинарско прашање да ја коментира изјавата на министерот за внатрешни работи, т.н. Косова Џелаља Свечље дека Србија, која е под руско влијание, има намера да го дестабилизира Косово со поддршка на српското малцинство, Песков рече: „Србија, се разбира, е суверена земја и тоа апсолутно не е точно“.

„Србија ги брани правата на Србите што живеат во таа област во тешки услови. Се разбира, тие силно реагираат кога тие права се прекршени“, продолжи прес-секретарот на претседателот, пренесува „Спутник“.

Песков истакна дека Русија и Србија „имаат блиски сојузнички односи“.

„Се разбира, Русија многу внимателно следи што се случува, како се обезбедуваат правата на Србите и, се разбира, го поддржуваме Белград во акциите што ги презема“, рече Песков, пренесе „Политика.рс“.

Можете да прочитате

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

Над 30 повредени откако бил испуштен иритирачки гас во германско училиште

СЗО ќе вакцинира 44.000 деца во Појасот Газа