Пола Абдул беше исмејувана на социјалните мрежи на почетокот на оваа недела по споделувањето фотографии на „Инстаграм“, на кои се гледа претерано филтрирано лице.
„Пола Абдул изгледа децении помладо од својата реална возраст на фотографиите од божиќната забава кај Кети Килтон, претерала со филтрите за лице“, коментираат таблоидите, кои веднаш ги објавија фотографиите заедно со реакциите на повеќето фанови.
„Што се случи со нејзиното лице? Пола Абдул (60) изгледа како тинејџерка во низа премногу фотошопирани фотографии од празничната забава кај Кети Хилтон, што ги натера нејзините фанови да ја исмеваат“, пишува „Дејли мејл“.
Пола – која ја покажа својата младешка фигура минатиот месец додека настапуваше на Парадата на Мејси за Денот на благодарноста – изгледа значително помлада од 60 години и нема потреба вештачки да се подмладува.
Се чини дека поранешната судијка на „Американскиот идол“ нанела филтер само на себе на фотографијата со Хилтон бидејќи ѕвездата на Real Housewives оf Beverly Hills изгледа сосема природно, без никакво разубавување.
И покрај неуспехот на фотошопот, неколку пријатели и гости на забавата со одобрување коментираа на нејзината објава на „Инстаграм“, но фановите беа многу поискрени.
„Некој ѝ го украл ‘Инстаграм’ на Пола, ова е сосема поинакво лице!“, напиша корисник на социјалната мрежа.
„Ова изгледа како сосема друга личност“, напишаа повеќето од нив.
„Дали профилот е хакиран? Во кого воопшто гледам?“, се пожали друг корисник.
Едно лице се обиде да сподели совет за пејачката. „Пола, нема потреба да ги уредуваш твоите фотографии до тој степен што луѓето не те препознаваат“.
„Не го разбирам ова. Сите знаат како всушност изгледаш. „Количината филтри овде е срамно очигледна“.
Еден фан ја задеваше: „Пола, сите го знаеме твоето лице од порано, а ова не е тоа“,