Украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето последно видео обраќање рече дека оваа недела е важна за Украина од политички аспект.
– Влегуваме во нова година и мора да одржиме заедничко разбирање за нашите национални цели. Се разбира, тоа е ослободување на нашата земја од непријателот, како и обновување на Украина, враќање на нашиот народ дома, дополнително приближување на нашата земја до клучните партнери, отворање нови можности за Украина во светот – ова се сите задачи за блиска иднина. И не само за државата, туку и за секој од нас – нагласи Зеленски.
Тој им се заблагодари на сите кои и помагаат на Украина и работат за одбраната на Украина.
– Благодарам на сите што се изборија за нашата независност! Благодарност до сите единици на нашата одбрана што го доближија поразот на непријателот – рече Зеленски, пренесе Аваз.ба.