Утрински Весник
Свет

Јужните делови на Австралија под топлотен бран

Јужните делови на Австралија под топлотен бран

Јужна Австралија е на врвот на овогодинешниот прв топлотен бран, а во тој дел од земјата на сила се предупредувања за екстремни температури, пишува Гардијан.

dobivaj vesti na viber

Во Аделаида температурата во текот на ноќта била 27,4 степени Целзиусови, додека државата Викторија ја имала најтоплата ноќ во последните четири години, пишува британскиот весник.

Утрото во Аделаида донесе температури од 38 степени, а предупредувања за топлотен бран беа издадени во Јужна Австралија, Викторија, Тасманија, Нов Јужен Велс и изолирани делови од Западна Австралија.

Температурите се очекуваат од 8 до 16 степени над просекот.

Додека во текот на денот се очекуваат температури меѓу 37°C и 41°C на северот и западот на Мелбурн и Викторија, во среда се прогнозира и промена на времето што ќе донесе дожд со налети на ветер до 90 километри на час.

Силниот ветер и силните грмотевици може да претставуваат опасност за локалните жители, според локалната метеоролошка служба, според Гардијан.

Можете да прочитате

Неколку лица се водат како исчезнати во свлечишта и поплави низ Нов Зеланд

Пукање во Австралија: Тројца мртви, едно лице рането, убиецот во бегство

Пукање во Австралија: Тројца мртви, едно лице рането, убиецот во бегство