Утрински Весник
Македонија

Министерот Османи: Како претседавач на ОБСЕ ќе ги штитам вредностите и заложбите на организацијата

Министерот Османи: Како претседавач на ОБСЕ ќе ги штитам вредностите и заложбите на организацијата

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, од 1 јануари ќе претседава со ОБСЕ. По овој повод во интервју на национална телевизија говореше за предизвиците со кои се соочува организацијата и исклучително компликуваните односи на земјите членки. ОБСЕ како што рече министерот, е единствена организација каде заедно членуваат САД и Русија. ОБСЕ е тип на организација во која сите одлуки се носат со конзенсус и заради новонастанатата состојба со војната во Украина, функционирањето на организацијата е исклучително отежнето што ќе биде голем предизвик за министерот Османи и македонското претседателство.

dobivaj vesti na viber

Запрашан како последните одлуки на Македонија за воведување на визи за руските дипломати ќе се одрази на неговата работа, тој рече дека како претседател на ОБСЕ е должен да ги штити пред се принципите и заложбите на организацијата со кои нема да прави компромис.

„Како претседавачи на ОБСЕ ние сме заштитници на вредностите на организацијата и чувари на заложбите. Ако една земја учесничка ги има повредено тие заложби, не можеме заради потребата од консензус во самата организација да правиме компромиси со основните вредности за што постои организацијата. Русија преку агресијата врз Украина ги прекршува сопствените заложби како членка на ОБСЕ и заложбите на организацијата. Моја улога како претседавач на ОБСЕ во 2023 година е да ги заштитам вредностите на ОБСЕ. Затоа велам да за соработка со Русија, консензус секако е потребен, но само почитувајќи основните заложби на ОБСЕ“ – дециден е Османи.

Тој понатаму истакна дека односот кој Република Северна Македонија го има кон Руската федерација не е однос кон рускиот народ, туку е однос кон една погрешна политика која се води и со која се пркршуваат основите на меѓународното право.

„Односот на Северна Македонија кон Руската федерација не е однос кон рускиот народ туку е однос кон една погрешна политика која ја води земјата и ги прекршува основите на меѓународното право. Се напаѓа суверена независна држава, се напаѓа критична инфраструктура и електричната мрежа во зимски период, со цел луѓето да страдаат. И затоа, ние мора да сме на вистинската страна“ – истакна Османи коментирајќи ги политиките на државата во однос на Руската федерација.

Османи истакна дека и покрај сите предизвици верува дека македонското претседателство е одлична можност за меѓународна промоција на земјата, а искуството кое македонската дипломатија го има во постигнувањето на меѓународни договори ќе биде значајно за управувањето со ОБСЕ во исклучително важен период од историјата на оргранизацијата.

ПР

Можете да прочитате

„Ние на гробовите фрламе вода, тие со децата на одмор“ – гнев и тага на родителите од Кочани

Свечено затворен ЕМОФ 2025 – 24info.mk

Тошковски од Охрид: Преку средбите и дружењата на граѓаните со полицијата создаваме цврста нишка на меѓусебна доверба