Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Комисијата за контрола над АНБ ќе расправа за случајот „Онишченко“ и за дојавите за бомби

Комисијата за контрола над АНБ ќе расправа за случајот „Онишченко“ и за дојавите за бомби
Img 7972

Во Собранието денеска планирано е седници да одржат Комисиите за политички систем и односи меѓу заедниците и за Надзор над работата на Агенцијата за национална безбедноста и Агенцијата за разузнавање.

dobivaj vesti na viber

Комисијата за надзор над работата на АНБ и АР треба да одржи две седници.

На првата седница ќе ја разгледува Улогата на АНБ во безбедносната проверка на лицето Александр Онишченко при давањето на позитивно мислење за добивање македонско државјанство.

Потоа ќе се одржи нова седница во врска со информирањето за преземените активности на АНБ во врска со актуелните случувања со дојавите за поставени бомби во училиштата, трговските центри и други објекти.

На дневен ред на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците се повеќе точки меѓу кои и Годишниот извештај на Државната комисија за спречување на корупцијата за спроведување на Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2021-2025 за период 01.01.-31.12.2021 година и годишен извештај за работата Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија за 2021 година.

Можете да прочитате

Вечерва филмска бркотница низ Скопје заврши кај Идризово, се слушале и пукотници

Филипче: Државата пола ни се исели а тие за загари, орли и врапчиња зборуваат

(ФОТО) Богојески повторно со навредлив коментар, овој пат кон новинарка и инфлуенсерка