Утрински Весник
Македонија

Ковачевски: Ветувањето исполнето – експресниот пат Крупиште – Кочани пуштен во употреба

Ковачевски: Ветувањето исполнето – експресниот пат Крупиште – Кочани пуштен во употреба

Премиерот Димитар Ковачевски, министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, и директорот на ЈП за државни патишта, Ејуп Рустеми. денеска присуствуваа и говореа на настан по повод пуштањето во употреба на делницата Крупиште – Кочани на експресниот пат Штип – Кочани.

dobivaj vesti na viber

Со денешното ставање во функција на 13,7 километри од Крупиште до Кочани и трасата од Штип до Крупиште целосно е завршен проектот што се реализираше во две фази.

„Како што ветивме и сигурно се сеќавате дека пред еден месец дадов задолжение да се завршат последните активности од изградбата на оваа делница, еве нè денеска тука за да го исполниме тоа ветување. В година очекувам да имаме уште многу вакви настани со кои ќе означиме брзо и динамично подобрување на инфраструктурата во земјата. Северна Македонија мора да се развива, а инфраструктурата е важна алка со која обезбедуваме забрзан економски развој. Ако се работи напорно и посветено, нема недостижна цел“, рече премиерот.

Тој напомена дека „со изградбата на експресниот пат се овозможува брзо и современо поврзување помеѓу Штип и Кочани, со што го забрзуваме и олеснуваме патувањето за граѓаните од овој крај. Се намалуваат километрите и времетраењето на патувањето, но најважно од сè се зголеми безбедноста во сообраќајот“.

„Со денешното ставање во функција на преостанатите 13,7 километри од делницата, во вредност од 18 милиони евра, целосно ја заокружуваме изградбата што се одвиваше во две фази. Средствата и за првата и за втората фаза од изградбата беа обезбедени од заем од ЕБОР“, рече Ковачевски.

Можете да прочитате

Николовски: Царинската управа ги затегна чешмите, се оди во Буџетот, рекордна наплата на приходите 

СДСМ: Орекстриран страв за бегање од одговорност- кукавички обид на ДПМНЕ за префрлање вина врз СДСМ

Врнежи од снег во неколку градови и на планините, забрана за тешки возила на Стража и на патот Маврово -Дебар