Утрински Весник
Македонија

Тренчевска: Сите корисници на услуги на МТСП ќе бидат дел од моите предновогодишни спомени

Тренчевска: Сите корисници на услуги на МТСП ќе бидат дел од моите предновогодишни спомени

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, денеска со предновогодишно расположение го посети и Центарот за лица со Даунов синдром во Скопје.

dobivaj vesti na viber

Во центарот моментно има 17 корисници од 3 до 26-годишна возраст, а целосно објектот има капацитет за 24 лица. Во просториите на центарот поставена е опрема за подобрување на физичката состојба на децата, односно справи за трчање, пинг-понг маса, топки за пилатес, опрема за развој на фина моторика и друга дидактичка опрема, како и соби за одмор.

Тренчевска за време на својата посета разговараше со присутните за нивниот секојдневен живот, за нивните активности како и за стручната работа од страна на кадрите вработени во Центарот.

Министерката имаше можност да изработи новогодишни честитки заедно со корисниците и да ги проследи изведбите на нивните омилени песни.

За време на средбата, еден од корисниците ја информира министерката дека е студент и моментно е четврта година и дека е во исчекување на моментите за изработка на дипломската работа.

На крајот, министерката им додели новогодишни пакетчиња, кои се дел од заедничката соработка со „Филип Морис Македонија“.

Можете да прочитате

УНЕСКО со сериозни критики: Охридскиот регион под закана да го изгуби статусот на заштитено богатство

Два полициски хеликоптери интензивно го гасат пожарот кај Чучер-Сандево, исфрлени преку 70 тони вода

ДЗР: Недоволниот буџет за програми за здравствена заштита и застојот во капиталните инвестиции влијаат на квалитетот и достапноста на здравствените услуги