Утрински Весник
Спорт

Ердоган: Роналдо ги поддржува Палестинците, поради тоа беше под политички санкции

Ердоган: Роналдо ги поддржува Палестинците, поради тоа беше под политички санкции

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека капитенот на Португалија, Кристијано Роналдо не одиграл доволно минути на неодамна завршеното Светско првенство во Катар, бидејќи му биле воведени политички санкции.

dobivaj vesti na viber

На собирот на подмладокот на партијата во градот Ерзурум, Ердоган одговараше на прашањата на младите членови на партијата и изјави дека Португалецот е жртва бидејќи ја поддржува „палестинската кауза“.

„Тоа му го направија на Роналдо од суета. За жал, му воведоа политички санкции. А ако внесете играч каков што е Роналдо во игра во второто полувреме, 15 минути или половина час, тоа му ја одзема енергијата и менталната сила“, рече претседателот на Турција.

Тој откри каде Португалецот ќе ја продолжи кариерата.

„Роналдо ќе оди во Саудиска Арабија, според информациите што ги имам“, заклучи Ердоган.

Можете да прочитате

Македонските фудбалерки до 19 години ќе играат квалификациски турнир во Португалија

Верстапен: Во Мекларен ќе станев шампион многу порано

Младост 96 есенски шампион во пингпонгарската Суперлига