Утрински Весник
Спорт

Јирген Клоп сака да го донесе Елмас во Ливерпул

Јирген Клоп сака да го донесе Елмас во Ливерпул

Јирген Клоп, менаџерот на Ливерпул, имал желба да го донесе на „Енфилд“, македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, пишуваат турските медиуми.

dobivaj vesti na viber

Елмас нема стабилна минутажа оваа сезона во Наполи, кој го игра можеби најдобриот фудбал во Европа и каде има голема конкуренција. На 20 настапи запиша 670 минути, но одлично ги искористи шансите кога ќе се најде на теренот. Во финишот на првиот дел од сезоната, одлично играше кога во тимот не беше Квича Кварацкелија.

Како лево крило на три натпревари против Аталанта, Емполи и Удинезе постигна два гола и забележа една асистенција. Јирген Клоп имаше можност да го гледа против својот тим во Лигата на шампионите и наводно во телефонски разговор му објаснил на Елмас во каква улога го гледа на „Енфилд“.

Елмас има договор со Наполи до јуни 2025 година. Според „Трансфермаркт“ неговата вредност е 23 милиони евра.

Можете да прочитате

Хагерти за Надал: Организиравме сè онака како што сакаше Рафа

Поранешен фудбалер со нож нападнат во Њујорк

Намибиски новинар му одговори на Перез: Тој е фрустрирана личност