Нови експлозии се слушаат попладнево во Херсон градот кој во текот на ноќта беше под жесток руски напад.
Според последните информации бројот на жртвите се зголеми на 10, а повредени се 58 лица.
Explosions are heard again in #Kherson. pic.twitter.com/hYlSiLnMwZ
— NEXTA (@nexta_tv) December 24, 2022
Киев нападот го окарактеризира како „убивање од задоволство“, а украинскиот претседател, Володимир Зеленски, објави фотографии на кои, според „Ројтерс“, се гледаат запалени автомобили, скршени прозорци и тела.
– Социјалните мрежи најверојатно ќе ги означат овие фотографии како „чувствителна содржина“. Но, ова не е чувствителна содржина, ова е реалниот живот на Украина и Украинците. Тоа не се воени објекти, туку терор, убивање заради забава и задоволство – изјави Зеленски