Утрински Весник
Свет

Британскиот премиер на удар на критики затоа што праша бездомник дали е вработен

Британскиот премиер на удар на критики затоа што праша бездомник дали е вработен

Британскиот премиер Риши Сунак денес се најде на удар на критики откако прашал бездомник дали е работен човек и дали сака да работи во финансиската индустрија.

dobivaj vesti na viber

Сунак, поранешен банкар на Голдман Сакс и еден од најбогатите луѓе во Велика Британија, служел појадок во засолниште за бездомници во Лондон во петокот каде што разговарал со човек кој рекол дека се вика Дин.

„Дали се занимавате со некој бизнис?“ премиерот го праша човекот додека му подаваше чинија со колбаси, тост и јајца.

„Не, јас сум бездомник“, одговори тој.

Британскиот премиер потоа зборуваше за своето минато во финансиската индустрија и праша дали тоа би било нешто во кое човекот би сакал да навлезе.

Човекот тогаш одговара дека нема да има ништо против, туку дека прво би сакал да го преживее Божиќ.

Тој објасни дека се надева оти некоја хуманитарна организација ќе му најде привремено сместување за да не биде на улица на Божиќ.

Заменик-претседателот на лабуристите, Ангела Рајнер, го опиша разговорот како потресен, а лабуристичката пратеничка Стела Криси рече дека била загрижена гледајќи ја сцената за која премиерот мислел дека тоа што е бездомник значи дека тој едноставно нема каде да живее во моментот.

Посетата Сунак ја искористи да нагласи дека владата ветила две милијарди фунти за решавање на проблемот со бездомниците во период од три години.

Можете да прочитате

Силна експлозија во фабрика во Шпанија – има загинати и повредени

Русија го подготвува ракетниот систем „Сармат“ за оперативна готовност

На Германија годишно и се потребни 288.000 странски работници